• петок, 08 ноември 2024

Абас го назначи Мохамед Мустафа за премиер

Абас го назначи Мохамед Мустафа за премиер

Рамала, 14 март 2024 (МИА) - Палестинскиот претседател Махмуд Абас денеска го именуваше претседателот на Палестинскиот инвестициски фонд, Мохамед Мустафа за премиер и го задолжи да формира нова влада.

Назначувањето на Мустафа и формирањето технократска влада претставува прв политички чекор кон реформирање на палестинската управа по избувнувањето на конфликтот меѓу Израел и Хамас на 7 октомври минатата година.

Арапските и западните земји се поделени околу тоа дали новиот палестински премиер ќе биде доволно независен во однос на Абас кога станува збор за спроведување внатрешни реформи.

Главната цел на новата влада е да ја стабилизира палестинската управа на Западниот брег и да ја подготви палестинската управа за нејзината потенцијална улога во управувањето со Појасот Газа по завршувањето на војната. зш/

Остани поврзан