• вторник, 24 декември 2024

Абазовиќ: Црна Гора е далеку од грчко сценарио, Отворен Балкан би помогнал во решавањето на проблемот со работната сила

Абазовиќ: Црна Гора е далеку од грчко сценарио, Отворен Балкан би помогнал во решавањето на проблемот со работната сила

Подгорица, 12 април 2023 (МИА) - Премиерот во технички мандат Дритан Абазовиќ тврди дека на Црна Гора не и се заканува банкрот, дека е далеку од грчкото сценарио и дека во државната каса во моментов има 270 милиони евра, а наплатата и реализацијата на буџетот никогаш не била подобра.

Абазовиќ оцени дека иницијативата Отворен Балкан би помогнала да се реши проблемот со работната сила, бидејќи луѓето од регионот полесно и без бариери ќе најдат сезонска работа во Црна Гора.

- Тоа е прашање од економска природа. Исто и за дипломите и училиштата, така функционира и ЕУ, рече Абазовиќ.

По зголемувањето на заработката од околу 20 проценти, се се одвива без проблеми и одиме кон рекордна сезона. Единствената цел на оваа кампања е доколку дојде до промена на власта да земеме огромен кредит од една милијарда евра, а за тоа ни треба некаква основа, рече Абазовиќ.  Доколку, вели тој, имаме континуитет, граѓаните ќе имаат редовни примања.

- Целта е годинава да се зголеми БДП, тоа ќе биде предизвик, рече Абазовиќ и додаде дека Црна Гора е далеку од грчкото сценарио.

Абазовиќ гостуваше во утринската програма на ТВЦГ, при што истакна дека се согласува дека треба да се одржат вонредни парламентарни избори, но не е важно кога ќе се одржат.

- Го деблокиравме Уставниот суд, но Уставниот суд не се одблокира сам себе, вели црногорскиот премиер. ссм/

фото: МИА архива

Остани поврзан