• петок, 22 ноември 2024

Абазовиќ: Резултатите покажуваат дека Црна Гора не е пред банкрот

Абазовиќ: Резултатите покажуваат дека Црна Гора не е пред банкрот

Подгорица, 5 мај 2023 (МИА) – Премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ изјави дека Владата минатата година има спектакуларен резултат над сите очекувања.

Владата работеше во шеста брзина сите 365 дена, истакна Абазовиќ на презентацијата на постигнатите владини резултати минатата година.

Тој истакна дека резултатите покажуваат дека не станува збор за банкрот на државата.

- Бруто домашниот производ (БДП) во Црна Гора во 2022 година изнесуваше рекордни 5,8 милијарди евра, дека невработеноста е намалена, а минималната плата изнесува 450 евра, што е убедливо највисока во регионот, што е и случај со просечна плата од 771 евро, наведе Абазовиќ.

Тој додаде дека по 40 години се градат нови здравствени установи, дека се создадени услови за изградба на 33 нови инфраструктурни објекти, меѓу кои и мостот на Ада Бојана, што ќе ги поврзува Црна Гора и Албанија, како и аеродромот во Беране. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан