• сабота, 23 ноември 2024

АА: Партиското собрание ќе се одржи во сабота во Скопје

АА: Партиското собрание ќе се одржи во сабота во Скопје

Скопје, 7 февруари 2024 (МИА) - Алијансата за Албанците денеска испрати соопштение во кое се нагласува дека партиското собрание, согласно статутот на партијата, е закажано за во сабота во Буши ресорт во 13:00 часот, а не во Куманово, како што вчера дел од членовите добиле порака испратена од актуелниот претседател на партијата Арбен Таравари. 

-Дел од членовите на Собранието на Алијансата за Албанците во текот на вчерашниот ден добиле порака за средба во градот Куманово, а потоа и за средба со претседателот на Алијансата на Албанците, Арбен Таравари, соопштија од АА.

Përgjatë ditës së djeshme një pjesë e kuvendarëve kanë marrë porosi për TUBIM në qytetin e Kumanovës dhe më pas për TAKIM me z.Taravari.

- Она што сакаме да ве известиме е дека никој не треба да подлегне на дезинформации дека се одржува партиско собрание, бидејќи како што ќе заклучите од поканата, станува збор за собир и состанок. Партиското собрание, согласно статутот на партијата, е закажано за во сабота во Буши ресорт во 13:00 часот, се наведува во соопштението испратено од имејл на АА. цр/ев/

Фото: АА

 

Остани поврзан