• сабота, 23 ноември 2024

АА: Министерот Фатмир Лимани ги откри плановите за партизација на центрите за социјална работа

АА: Министерот Фатмир Лимани ги откри плановите за партизација на центрите за социјална работа

Скопје, 30 август 2024 

Изјавата на министерот Фатмир Лимани ги потврди сите наши сомнежи дека тој и коалицијата во учествува се посветени само на тесни групни и партиски интереси.
Откако му беа потребни над два месеци и нашата реакција да го прифати непобитниот факт на непотизам, сакајќи да го покрие овој скандал, Лимани откри уште поголем скандал. Тој вети дека ќе го разреши неговиот брат од функцијата директор на Центарот за труд и социјална политика во Кичево, но истовремено најави дека оваа функција ќе му припааѓа на ДД на Изет Меџити.
Ова најава претставува флагрантно кршење на законите како и целосна партизација на институција која
би требало да биде независна, предводена од професионален, а не од партиски милитант.
Министерот Фатмир Лимани со оваа изјава покажа дека ВЛЕН без легитимитет влезе во Владата само за да ги зароби државните институции. Ги повикуваме Државната комисија за спречување на корупцијата и Јавното обвинителство да отворат предмет за овој случај, а министерот Фатмир Лимани да поднесе оставка од функцијата и од тенденциите за партизација на еден многу чувствителен и важен сектор за граѓаните.

Алијанса за Албанците 

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА архива 

 

Остани поврзан