• понеделник, 29 јули 2024

 Фонтане: Франција треба да ги затвори границите поради новиот вид коронавирус

 Фонтане: Франција треба да ги затвори границите поради новиот вид коронавирус
Париз, 11 јануари 2021 (МИА) - Франција треба да размисли за затворање на границата со Велика Британија и другите земји кои имаат силно присуство на новиот вид коронавирус, изјави денеска францускиот епидемиолог Арно Фонтане. Францускиот експерт, кој е член и на научниот совет што ја советува Владата за мерките против Ковид-19, во изјава за телевизијата БФМ истакна дека е потребно да се вакцинираат од 10 до 15 милиони луѓе до крајот на март, меѓу 25 и 30 милиони до крајот на јуни, за да се стави епидемијата во Франција под контрола. Иако досега од вирусот починаа 65.000 лица, според најновото истражување, 60 проценти од Французите имаат намера да одбијат вакцинација. паг/  

Остани поврзан