• вторник, 24 декември 2024

 Тошковски и Андоновски разговарале за можноста за креирање на електронски лични документи

 Тошковски и Андоновски разговарале за можноста за креирање на електронски лични документи

Скопје, 19 јули 2024 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска остварил работна средба со министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, во насока на почеток на процесите за дигитална трансформација на услугите и процесите во Министерството.

Фокусот на средбата, како што соопшти Министерството за внатрешни работи, бил насочен кон подобрување на постојните и креирање на нови електронски услуги од делокругот на работа на МВР, изработка на нова веб страна на Министерството, каде граѓаните ефикасно и брзо ќе ги пронајдат сите информации што им се потребни.

- Ја разгледавме и можноста за дигитализација на личните документи, односно креирање на електронски лични документи, развој на електронска апликација во делот на дозволите за оружје, други можности за дигитализација на работата и процесите во полицијата кои ќе овозможат поефикасна, модерна полиција, која користејќи ги бенефитите на модерната технологија ќе испорача поефикасни услуги и поголема безбедност за сите граѓани, потенцирал министерот Тошковски. цр/бак/

Фото: МВР

Остани поврзан