• вторник, 26 ноември 2024

 Пронајдени црните кутии на индонезискиот авион

 Пронајдени црните кутии на индонезискиот авион
Џакарта, 10 јануари 2021 (МИА) - Индонезиските спасувачки екипи ги лоцираа црните кутии на авионот Боинг 737-500, кој се урна вчера непосредно по полетувањето од аеродромот во Џакарта со 62 патници и членови на екипажот. Неколку воени бродови со спасувачки екипи го истражуваат местото на несреќата, на околу 20 километри од аеродромот во Џакарта, а властите најавија дека наскоро ќе ги извадат црните кутии од дното на морето, пренесува Би-Би-Си. - Нуркачите ќе ги извадат црните кутии и се надевам дека наскоро ќе ги имаме, рече Серџанто Џаџоно, шеф на индонезискиот комитет за безбедност во сообраќајот. Несреќата најпрво ја пријавиле рибари кои ловеле во водите на Јаванско море и кои вчера околу 14,30 часот најпрво ја слушнале експлозијата, а потоа виделе голема воден столб и бран како се движат кон нив. Властите веднаш отворија два кризни центри, еден на аеродромот во Џакарта и еден во пристаништето, а претседателот на авиокомпанијата Сривиџаја изјави дека авионот, стар 26 години, бил технички исправен и дека летот доцнел поради лошите временски услови, а не поради проблеми со исправноста на леталото. паг/    

Остани поврзан