Папа Франциск: Запрепастен сум од насилството во САД
- Папата Франциск денеска изјави дека е „запрепастен“ од нападот на демонстрантите врз американскиот Конгрес, кој беше извршен на почетокот на неделава од приврзаниците на претседателот во зами
Ватикан, 9 јануари 2021 (МИА) - Папата Франциск денеска изјави дека е „запрепастен“ од нападот на демонстрантите врз американскиот Конгрес, кој беше извршен на почетокот на неделава од приврзаниците на претседателот во заминување Доналд Трамп и го осуди насилството, кое тој го нарече напад врз демократијата.
- Бев запрепастен, бидејќи тоа се луѓе кои се толку посветени на демократијата, рече Папата за италијанската телевизија Канал 5.
Според него, „секогаш нешто оди наопаку ... кога луѓето работат против заедницата, против демократијата, против општото добро“.
На неодамнешните настани во Вашингтон реагираа и бројни светски официјални лица на социјалните мрежи, кои главно велеа дека се изненадени, загрижени и шокирани од тековните настани, давајќи му поддршка на новоизбраниот претседател Џо Бајден. паг/