• e diel, 23 mars 2025

Четириесет и четворица убиени во напад на Исламска држава врз џамија во Нигер

Четириесет и четворица убиени во напад на Исламска држава врз џамија во Нигер

Нијамеј, 22 март 2025 (МИА) - Четириесет и четири лица се убиени во терористички напад врз џамија во Нигер, соопштија денеска властите во западноафриканската земја, јави ДПА.

Осомничените членови на групата Исламска држава во Голема Сахара (ИСГС) ја опколиле зградата за време на петочната молитва пред да ги масакрираат верниците, според Министерството за внатрешни работи во главниот град Нијамеј.

Тринаесет други лица се повредени во нападот, од кои четворица потешко, се додава во соопштението прочитано на државната телевизија.

Нападот се случил во Фамбита во југозападниот регион Тилабери во Нигер, кој граничи со Мали и Буркина Фасо.

Преодната влада предводена од војската прогласи тридневна национална жалост. Повеќе од 99 отсто од околу 28 милиони жители на Нигер се муслимани.

Граничниот триаголник меѓу трите држави е упориште на исламистичките терористички групи и се смета за еден од најопасните региони во светот.

Два дена претходно, армијата на Нигер тврдеше дека убила 45 членови на ИСГС.

По државниот удар во 2023 година, земјата ја прекина воената соработка со повеќето нејзини поранешни партнери за борба против тероризмот, вклучувајќи ги Германија, Франција и Соединетите држави.

Оттогаш, бројот на жртви на терористички напади повторно се зголеми. мс/

фото: ЕПА

QËNDRONI TË LIDHUR