• e diel, 23 mars 2025

Најмалку тројца загинати, 14 повредени во масовно пукање во Ново Мексико

Најмалку тројца загинати, 14 повредени во масовно пукање во Ново Мексико

Санта Фе, 22 март 2025 (МИА) - Најмалку три лица загинаа, а 14 се повредени во масовно пукање во парк во Лас Крус, Ново Мексико, соопшти денеска локалната полиција.

Полицијата денеска ги повика минувачите да споделат видеа додека продолжува потрагата по осомничените за нападот што се случи во вчеравечер во паркот посетен од млади луѓе.

Повредените се пренесени во блиските болници со брза помош и приватен автомобил.

Полицијата во Лас Крус помага во истрагата со државната полиција на Ново Мексико, канцеларијата на шерифот на округот Дона Ана, ФБИ и агенти од Бирото за алкохол, тутун, огнено оружје и експлозиви. мс/

фото: „Х“

QËNDRONI TË LIDHUR