• e hënë, 24 mars 2025

Канада оди на предвремени парламентарни избори на 28 април

Канада оди на предвремени парламентарни избори на 28 април

Отава, 23 март 2025 (МИА) - Новиот канадски премиер Марк Карни денеска распиша предвремени  парламентарни избори за 28 април. На прес-конференцијата на која го соопшти датумот за избори, тој нагласи дека Канада мора да се брани од се поагресивниот економски притисок од САД.

- Знаеме дека мораме да дејствуваме за да им се спротивставиме на Американците, да се справиме со царините на Трамп и да ја поправиме канадската економија, рече Карни, новиот лидер на Либералната партија, кој неодамна ја презеде премирската функција од Џастин Трудо.

Карни ја нарече трговската војна со САД една од најголемите закани за Канада.

- Тој (Трамп) сака да ја скрши Канада за да може Америка да нè поседува. Нема да му дозволиме да го направи тоа, рече Карни во говорот на отворањето на изборната кампања. Побара „јасен и силен мандат“ од Канаѓаните за да се обезбеди иднината на земјата.

Главен противкандидат на либералите ќе им биде Конзервативната партија на Пјер Поилиeвр.

Конзервативците Поилиeвр во изминатите месеци се сметаа за многу веројатен победник на парламентарните избори, но трговската војна на Канада со САД им даде изненадувачки поттик на либералите, а Карни моментално води во анкетите.

И двајцата кандидати за премиер се обидуваат да го убедат електоратот дека ќе му се спротивстават на американскиот претседател Доналд Трамп.

Поранешниот премиер Џастин Трудо поднесе оставка во јануари откако неговата Либерална партија доживеа пад на поддршката поради слабата економија и зголемените цени. Марк Карни беше избран за лидер на партијата и привремен премиер во март.са/

Фото: ЕПА

 

 

QËNDRONI TË LIDHUR