• e diel, 23 mars 2025

Венецуела најави враќање на мигрантите од САД, во договор со Вашингтон

Венецуела најави враќање на мигрантите од САД, во договор со Вашингтон

Каракас, 22 март 2025 (МИА) - Венецуела денеска објави дека се договорила со Вашингтон да ги врати венецуелските мигранти од Соединетите држави, една недела откако ги протера Венецуелците обвинети за припадност на криминални банди.

-Со цел да обезбедиме враќање на нашите сонародници, истовремено заштитувајќи ги нивните човекови права, се договоривме со американската влада да го продолжиме враќањето на мигрантите од Венецуела, со првиот лет утре, недела, 23 март, се вели во соопштението потпишано од Хорхе Родригез, претседател на Националното собрание и главен преговарач со Американците.

„Миграцијата не е кривично дело и нема да престанеме да обезбедуваме враќање на сите оние кои ја бараат, како и спасување на киднапираните браќа во Ел Салвадор“, се вели во текстот.

Авион со 300 мигранти кои сакаа да стигнат до САД, но беа блокирани во Мексико, слета во четвртокот во Каракас, додека летовите за мигрантите од САД беа прекинати.

Утрешниот лет ќе биде петти со мигранти во Венецуела откако Доналд Трамп се врати во Белата куќа. Левичарската влада на Нилола Мадуро постигна договор со него за враќање на мигрантите од Венецуела.

Нема летови за враќање на мигрантите откако Трамп кон крајот на февруари ја укина дозволата дадена од поранешниот американски претседател Џо Бајден на американската нафтена групација Шеврон да работи во Венецуела и покрај усвоените санкции против земјата.

Во неделата, на 16 март, Вашингтон испрати во Ел Салвадор 238 Венецуелци обвинети дека се членови на венецуелската банда Трен де Арагуа, која американскиот претседател ја означи како терористичка група.

Овие Венецуелци беа префрлени во огромен затвор со висок степен на обезбедување што шефот на салвадорската држава Наџиб Букеле го подготви да ги затвори членовите на бандата на неговата земја. Каракас бара нивно ослободување.

Вашингтон не го призна последниот реизбор на Мадуро за претседател во јули, и покрај тоа што опозицијата го обвинува за измама и тврди дека победиле.

САД воведоа санкции за Венецуела по реизборот на Мадуро во 2018 година, на изборите што ги бојкотираше опозицијата, а актуелниот американски државен секретар Марко Рубио се закани дека ќе ги заостри санкциите.

Двете земји ги прекинаа официјалните односи во 2019 година. мс/

фото: МИА архива

QËNDRONI TË LIDHUR