• e martë, 25 mars 2025

Париз гласа за зона без автомобили низ стотици градски улици

Париз гласа за зона без автомобили низ стотици градски улици

Париз, 23 март 2025 (МИА) - Жителите на Париз денеска гласаат на референдум за создавање зона без автомобили низ огромни делови од француската престолнина, јави ДПА.

Ако мнозинството го поддржи планот, 500 улици низ градот ќе бидат раззеленети и претворени во пешачки зони.

Ова би значело губење на 10.000 паркинг места и возачите ќе мора да бидат подготвени за заобиколување.

Избирачките места се отворени во 9 часот 10 часа за да им овозможат на речиси 1,4 милиони регистрирани гласачи во градот да учествуваат на референдумот.

За прв пат можат да учествуваат и млади од 16 и 17 години, а резултатите се очекуваат во доцните вечерни часови.

Сè уште не е јасно кои улици ќе бидат засегнати од иницијативата.

Вкупно, во Париз има повеќе од 6.000 улици, од кои околу 220 веќе се без автомобили. Во некои случаи, автомобилите веќе не смеат да возат во некои области, како што е во близина на училиштата. мс/

фото: МИА архива

QËNDRONI TË LIDHUR