• e mërkurë, 26 mars 2025

Заврши втората рунда од американско-украинските преговори во Ријад

Заврши втората рунда од американско-украинските преговори во Ријад

Ријад, 25 март 2025 (МИА) - Делегациите на САД и Украина ја завршија втората рунда преговори во Саудиска Арабија, пренесува украинскиот јавен радиодифузен сервис „Суспилне“ повикувајќи се на извор во делегацијата.

Претходно беше соопштено дека украинската делегација поради овој состанок го продолжила престојот во Саудиска Арабија за уште еден ден.

Засега нема информации за темите на разговорот. Состанокот меѓу руската и американската делегација, кој траеше повеќе од 12 часа, заврши вчера, а за денеска е најавена заедничка изјава на претставниците на Русија и САД.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во синоќешното обраќање најави дека делегацијата на САД повторно ќе се сретне со украинскиот тим по средбата со руската делегација во Саудиска Арабија. рп/

Фото: МИА архива

 

QËNDRONI TË LIDHUR