• e martë, 25 mars 2025

Русија лансирала 139 дронови и балистички проектил кон Украина

Русија лансирала 139 дронови и балистички проектил кон Украина

Киев, 25 март 2025 (МИА) - Воздухопловните сили на Украина денеска соопштија дека Русија лансирала 139 беспилотни летала и балистичка проектил „Искандер-М“ за време на синоќешниот напад во кој беа повредени две лица и се оштетени магацини.

Воздухопловните сили соборија 78 беспилотни летала, а други 34 не стигнаа до своите цели, се додава во соопштението на Телеграм, без да се прецизира што се случило со преостанатите 27 дронови или со проектилот.

Нападот во текот на ноќта предизвика пожар во хангар на компанијата во регионот Полтава, при што беа повредени две лица и оштетени два магацини во регионот на Киев, соопштија локалните власти.

Според гувернерот Олех Синехубов, во нападот со дрон се оштетени и железничките далноводи и е предизвикан пожар во кој изгореле 8.400 квадратни метри простор околу неактивна компанија во градот Изум во североисточниот регион Харков.

Тој рече дека се оштетени и два цивилни инфраструктурни објекти, но не информираше за жртви.

Рускиот синоќешен напад следеше по разговорите вчера меѓу украинските претставници и американските претставници во Саудиска Арабија за можен прекин на огнот во војната во Украина. рп/

Фото: ЕПА
 

QËNDRONI TË LIDHUR