Зеленски ги посети војниците кои ја бранат линијата на фронтот на истокот на Украина
- Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги посети војниците на позицијата на фронтот во близина на зафатениот град Покровск во регионот Доњецк во источна Украина.
- Post By Марија Спасовска
- 20:40, 22 mars, 2025

Киев, 22 март 2025 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги посети војниците на позицијата на фронтот во близина на зафатениот град Покровск во регионот Доњецк во источна Украина.
На видеата споделени на социјалните мрежи денеска, се гледа како Зеленски доделува медали на војниците и одржува брифинг на командно место.
Зеленскиј подоцна отпатува во регионот Харков на друга посета на војниците и средба со военото раководство.
Регионалниот гувернер изјави дека денеска во руско гранатирање на Покровск загинале три лица.
Покровск е цел на руски напади од средината на 2024 година. Додека некои руски сили напредуваа до позициите југозападно од градот, тие неодамна не успеаја да постигнат дополнителни територијални придобивки.
Целосното заземање на Доњецк останува една од основните воени цели на Русија во нејзината целосна инвазија, која сега е во својата четврта година.
Во септември 2022 година, рускиот претседател Владимир Путин објави анексија на украинските региони Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје - иако руските сили само делумно ги контролираат тие области. Русија претходно го анектираше Крим во 2014 година.
На неодамнешниот состанок со деловните лидери, Путин, наводно, предупредил дека Москва може да има претензии за дополнителни украински територии.
Не е јасно кога точно Зеленски го посетил истокот. мс/
фото: ЕПА (архива)