• e diel, 23 mars 2025

Папата Франциск утре ќе биде пуштен од болница

Папата Франциск утре ќе биде пуштен од болница

Рим, 22 март 2025 (МИА) - Папата Франциск утре ќе биде отпуштен од болница по повеќе од пет недели, велат лекарите, јави ДПА.

Франциск потоа ќе продолжи да добива медицинска нега во неговата резиденција во Ватикан.

Кардиналот Виктор Мануел Фернандез вчера изјави дека папата добро реагира на лекувањето за пневмонија, но треба повторно да се навикне да зборува. 

Осумдесет и осумгодишниот поглавар на Римокатоличката црква беше хоспитализиран во болницата „Џемели“ во Рим од 14 февруари, откако му беше дијагностицирана двојна пневмонија. мс/

фото: ЕПА

QËNDRONI TË LIDHUR