Британската влада нареди итна истрага за прекинот на струја на аеродромот Хитроу
- Британската влада му нареди на националниот енергетски систем оператор итно да го истражи прекинот на електричната енергија што го принуди аеродромот Хитроу да ја прекине работата, изјави министерот за енергетика Ед Милибанд.
- Post By Марија Спасовска
- 18:37, 22 mars, 2025

Лондон, 22 март 2025 (МИА) - Британската влада му нареди на националниот енергетски систем оператор итно да го истражи прекинот на електричната енергија што го принуди аеродромот Хитроу да ја прекине работата, изјави министерот за енергетика Ед Милибанд.
Министерот за енергетика рече дека ќе работи со енергетскиот регулатор на земјата, Офгем, за да се утврди што стои зад прекинот.
-Прекинот на струја во областа Хитроу предизвика значителни нарушувања за илјадници луѓе и многу бизниси. Ние сме решени правилно да разбереме што се случи и кои лекции треба да ги научиме од тоа, рече Милибанд.
Вчера пожар ја прекина струјата и го принуди најпрометниот аеродром во Европа да затвори и да ги откаже сите полетувања и слетувања. Затворањето на Хитроу предизвика хаос во патувањата низ светот. мс/
фото: МИА архива