• e mërkurë, 11 shkurt 2026

„Ски - Надја" нов закупец на двата ски лифта на Пониква

„Ски -  Надја

Кочани, 10 февруари 2026 (МИА) - Градоначалникот Владко Грозданов, во име на Општина Кочани, го потпиша договорот со Друштвото за производство, трговија и услуги „Ски-Надја“ од Кочани – новиот закупец на двата ски-лифта на Пониква.

Според договорот, за закупот на овие инфраструктурни објекти, сопственост на Општина Кочани, „Ски-Надја“ ќе плаќа месечна закупнина од 40.100 денари, цена постигната како највисока на одржаното јавно наддавање на 30 јануари 2026 година.

Закупецот е должен да ги одржува ски-лифтовите за нивно безбедно и непречено функционирање.

Склучениот договор е со времетраење од 10 години.

Посакувајќи му успешна работа на управителот на „Ски-Надја“, Александар Стојков,  градоначалникот додаде дека управувањето со ски-лифтовите е значаен сегмент за успешна зимска туристичка сезона и воопшто за развојот на Пониква.ис/са/

фото: Општина Кочани

QËNDRONI TË LIDHUR