Без струја студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид
- Поради неподмирени сметки за потрошена електрична енергија од вчера изутрината без струја е студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид
Охрид, 10 февруари 2026 (МИА) – Поради неподмирени сметки за потрошена електрична енергија од вчера изутрината без струја е студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид.
Според раководството на домот, за ситуацијата се информирани надлежните од каде добиле уверување дека на сметката на Министерството за образовение и наука веднаш се префрлени средства, така што во најкус можен рок долгот ќе биде подмирен, а објектот повторно ќе добие струја.
Директорот на установата Жарко Куциноски изјави дека веќе остварил контакт со ЕВсо барање домот да добие струја за да не се чека на процедурата за префрлање на обезбедените парични средства. аб/дма/
фото:МИА архива