• e mërkurë, 11 shkurt 2026

Противпожарниот дом на ТППЕ Велес ќе се реконструира, пожарникарите добија и нова опрема

Противпожарниот дом на ТППЕ Велес ќе се реконструира, пожарникарите добија и нова опрема

Велес, 10 февруари 2026 (МИА) – Противпожарниот дом на Терторијалната противпожарна единица од Велес наскоро ќе се реконструира со средства кои Општина Велес ги обезбеди во соработка со Владата преку Министерството за транспорт, информира денеска градоначалникот Марко Колев. 

- Ефикасното, ефективно и навремено извршување на работните задачи на пожарникарите во голема мера зависи од условите и опремата со која располагаат, поради што ќе се изврши целосна реконструкција на противпожарниот дом, помошниот објект и партер просторот.Целтта е обезбедување на поголема функционалност и подготвеност, на пожарникарите, потенцира Колев.

Воедно инфрмира дека со средства од Општина Велес, велешките пожарникари од ТППЕ  добија опрема: 35 комплета цивилни униформи, 35 пара чизми за шумски пожари, како и заштитни шлемови за шумски пожари.ад/

ФОТО: МИА архива 

 

 

QËNDRONI TË LIDHUR