По иницијатива на Ѓурѓај профункционира пратформата minoritete.al (малцинства.ал)
- По иницијатива и залагање на претседателот на македонското друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, профункционира платформата minoritete.al (малцинства.ал), чија цел да биде заеднички глас, простор каде што се одразуваат животот, културата, идентитетот и правата на националните малцинства во Република Албанија
Дебар, 10 февруари 2026 (МИА) – По иницијатива и залагање на претседателот на македонското друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, профункционира платформата minoritete.al (малцинства.ал), чија цел да биде заеднички глас, простор каде се одразуваат животот, културата, идентитетот и правата на националните малцинства во Република Албанија

- Со посебно задоволство ја претставувам мојата лична иницијатива minoritete.al, првиот национален онлајн медиум во Република Албанија, посветен исклучиво на националните малцинства. Оваа платформа има за цел да биде ваш заеднички глас, простор каде што се одразуваат животот, културата, идентитетот и правата на националните малцинства во Република Албанија, објави Ѓурѓај.
Додава дека ова е повик до сите национални малцинства во Република Албанија да дојдат и да ги споделат своите приказни, традиции, предизвици и достигнувања, за да „заедно ја направиме нашата различност видлива, слушната и почитувана. вт/са/