„Џез под ламба“ вечер во Центар
- Општина Центар вечер на пјацетата кај Италијанската амбасада третпат го организира настанот „Џез под ламба“ на кој ќе бидат изведени џез верзии на најпознатите новогодишни и божиќни песни во изведба на Мартина Елиора и нејзиниот бенд.
Скопје, 27 декември 2025 (МИА) - Општина Центар вечер на пјацетата кај Италијанската амбасада третпат го организира настанот „Џез под ламба“ на кој ќе бидат изведени џез верзии на најпознатите новогодишни и божиќни песни во изведба на Мартина Елиора и нејзиниот бенд.
Покрај добра музика, присутните ќе уживаат и во греано вино и печени костени.
- Ги поканувам сите љубители на добрата музика да ни се придружат и да ја споделиме божиќната атмосфера. Да ја продолжиме оваа навистина убава традиција, која му дава посебен и препознатлив шарм на Центар, порача градоначалникот Горан Герасимовски.
Настанот „Џез под ламба“ е дел од програмата за култура на Општина Центар, кој го промовира џезот и македонските изведувачи. бак/лв/
Фото: Општина Центар