• петок, 20 март 2026

Љутков на меѓународен фолклорен фестивал во Свети Николе: „Тодорица“ е мост меѓу генерациите и народите

Љутков на меѓународен фолклорен фестивал во Свети Николе: „Тодорица“ е мост меѓу генерациите и народите

Скпје, 28 февруари 2026 (МИА) - Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска во Свети Николе го отвори Меѓународниот фестивал на изворен фолклор „Тодорица“ 2026.

Како што информира Министерството, во своето обраќање пред присутните Љутков истакна дека оваа  манифестација е значаен симбол на духовната сила, културната меморија и идентитетот на народите.

-Фолклорот не е само песна или оро, туку жив јазик на традицијата во кој се втиснати историјата и мудроста на предците. Фестивалот претставува мост меѓу генерациите и народите, културната различност не разделува, туку збогатува, рече Љутков. 

Според него, ваквите настани ја зајакнуваат соработката и пријателството и придонесуваат за афирмација на земјата како простор на богато културно наследство.

-Љутков посочи дека Министерството за култура и туризам ќе продолжи и во иднина да ги поддржува манифестациите што ја негуваат автентичната традиција и ги поттикнуваат младите да ги чуваат своите корени, се наведува во соопштението. хс/

Фото: Министерство за култура и туризам 

Остани поврзан