• петок, 06 март 2026

ЈОРСМ оформи предмет по допрен глас за неправилности при надзорот во ЦСР во врска со трагедијата во Крпош

ЈОРСМ оформи предмет по допрен глас за неправилности при надзорот во ЦСР во врска со трагедијата во Крпош

Скопје, 6 март 2026 (МИА) - Јавното обвинителство на РСМ денеска соопшти дека врз основа на информациите објавени во медиумите за констатирани неправилности при извршениот инспекциски надзор во Центарот за социјални работи (ЦСР) во врска со случајот со смртта на мајката и девојчето кои паднаа од шести спрат во Карпош, оформило предмет по допрен глас и го проследило на надлежно постапување на Основното јавно обвинителство Скопје. 

ОЈО Скопје, како што информираат ид ЈОРСМ, ќе преземе дејствија на проверки за да испита дали со овие неправилности се исполнети елементи на кривично дело кое се гони по службена должност. ев/са/

ФОТО: Архива 

 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан