• петок, 05 декември 2025

Јаневска на глобален конгрес за популација, здравје и човечки развој во Каиро

Јаневска на глобален конгрес за популација, здравје и човечки развој во Каиро

Скопје, 12 ноември 2025 (МИА) – Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, од денеска до 15 ноември ќе учествува на „Глобалниот конгрес за популација, здравје и човечки развој“, кој по трет пат се одржува во Каиро под покровителство на претседателот на Египет, Абдел Фатах Ел-Сиси.

Јаневска, како што соопштија од Министерството за образование и наука, ќе биде дел од повеќе панел дискусии посветени на теми за човечкиот развој, развој и примена на иновации со акцент на вештачката интелигенција. Таа ќе има и воведен говор на сесија посветена на неформалното образование како концепт на доживотно учење.

За време на конгресот, министерката ќе оствари билатерална средба со египетскиот министер за високо образование и научни истражувања, Мохамед Ајман Ашур, информираат од МОН. бк/

Остани поврзан