• петок, 15 мај 2026

Ѓорческа со победа го почна турнирот во Порторож

Ѓорческа со победа го почна турнирот во Порторож

 

Порторож, 15 април 2026 (МИА) – Македонската тенисерка Лина Ѓорческа со победа од 2:1 во сетови над Кајса Риналдо Персон од Шведска го почна настапот на ИТФ турнирот во Порторож.

Првиот сет ѝ припадна на шведската тенисерка со 6:4 во гемови, а Ѓорческа го доби вториот сет со 6:3, додека во третиот сет поведе со 4:0 во гемови и сетот го заврши со 6:2.

Противничка на Ѓорческа во второто коло ќе биде победничката од мечот Викторија Хрунцакова (Словачка) и Катарина Завацка (Украина), кој е на програмата утре.

Наградниот фонд на турнирот во Порторож изнесува 60.000 долари.ег

ФОТО: ЕПА

Остани поврзан