Штипското Здружение на инвалиди на трудот го посетија Центарот за деца со аутизам
- Здружението на инвалиди на трудот Штип денеска поделија пакетчиња на децата во Дневниот центар за деца со аутизам во населбата Пребег во Штип. Лидија Џамбазова Јанкова дипломиран инженер технолог од Здружението на инвалиди на трудот –Штип вели дека целта е да се внесе радост, насмевки и топлина за време на празниците кај сите дечиња.
Штип, 12 јануари 2026 (МИА) -Здружението на инвалиди на трудот Штип денеска поделија пакетчиња на децата во Дневниот центар за деца со аутизам во населбата Пребег во Штип. Лидија Џамбазова - Јанкова дипломиран инженер технолог од Здружението на инвалиди на трудот –Штип вели дека целта е да се внесе радост, насмевки и топлина за време на празниците кај сите дечиња.
-Денес ние членките на актив на жени при Здружение на инвалиди на трудот Штип сме во посета на Дневниот центар за деца со аутизам, да им подариме пакетчиња и да им посакаме среќни празници. Нека Новата година им донесе многу насмевки, разбирање и прифаќање бидејќи секое дете без разлика на неговата различност и посебност ја заслужува нашата посебност и внимание, вели Џамбазова - Јанкова.
Пред нешто помалку од еден недела Здружението на инвалиди на трудот во Штип поделија новогодишни пакетчиња на дечињата кои беа хоспитализирани на детското одделение при штипската Клиничка болница. вдј/вг/
Фото: МИА