Шпагети со песто Genovese
Шпагетите со песто Genovese се класично јадење од италијанската кујна кое се одликува со свеж вкус и едноставна подготовка. Комбинацијата од свеж босилек, ароматичен лук, квалитетни сирења и маслиново масло создава богат и миризлив сос кој совршено се вклопува со тестенините. Овој рецепт е идеален избор за брз, а сепак елегантен ручек или вечера.
Состојки:
- 30–40 грама свеж босилек
- 40 грама пинјоли
- 40 грама рендан пармезан
- 40 грама рендано сирење пекорино
- 3 чешниња лук
- 100 мл маслиново масло
- сол
- 400 грама шпагети (No.5)
Подготовка:
Шпагетите сварете ги во зовриена, посолена вода според упатството на пакувањето. Откако ќе се сварат, процедете ги, а околу 100 мл од водата во која се вареле зачувајте ја настрана.
Во електричен сечко ставете ги пинјолите, ренданите сирења, ситно исечканиот лук и околу 50 мл од маслиновото масло. Изблендирајте додека да добиете мазна смеса. Потоа додајте го преостанатото масло, босилекот и сол по вкус, па повторно кратко изблендирајте додека состојките убаво се соединат. Подготвеното песто префрлете го во порцеланска чинија. Во поширока тава ставете 2–3 лажици од пестото, додајте ги сварените шпагети и малку од зачуваната вода од варењето.
Добро промешајте и загрејте кратко на умерен оган додека сосот убаво се соедини со тестенините. Послужете ги шпагетите топли. По желба, дополнително наросете со рендан пармезан и декорирајте со свеж лист босилек.
Фото: Фрипик