• сабота, 14 март 2026

Шефот на ОН го повтори повикот за крај на војната и враќање на преговорите

Шефот на ОН го повтори повикот за крај на војната и враќање на преговорите

Aнкара, 12 март 2026 (МИА) – Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, изјави дека американско-израелските воени напади, проследени со иранските одмазднички удари, предизвикале „огромно страдање“ и го турнале регионот до точка на пукање.

- И како и секогаш, најранливите се погодени први и најтешко. Деескалацијата и дијалогот се единствениот излез, рече Гутереш.

Тој ги даде овие коментари во Анкара, каде што ја прими државната награда за мир во име на глобалниот персонал на ОН. јт/

Остани поврзан