• сабота, 16 мај 2026

Четири наставнички од младинскиот клуб „Драгана Минова“ од ОУ „Раде Кратовче“ успешно го завршија учеството во проекти на „Еразмус+“

Четири наставнички од младинскиот клуб „Драгана Минова“ од ОУ „Раде Кратовче“ успешно го завршија учеството во проекти на „Еразмус+“

Кочани, 29 април 2026 (МИА) - Четири наставнички од училишниот младински клуб „Драгана Минова“ од ОУ „Раде Кратовче“ успешно го завршија учеството во два проекти на „Еразмус+“, кои се одржаа во Смолјан, Бугарија, од  14 до 26 април.

Во рамките на проектите тие учествуваа во обуки и работилници посветени на менталното здравје, при што стекнаа нови знаење и искуства.

За својот ангажман во двата проекти „Еразмус+“, наставничките од кочанското ОУ „Раде Кратовче“ добија сертификати, а од училиштето најавуваат дека стекнатото во проектите почнуваат да го применуваат во секојдневното работење.

- Во иднина, ќе следуваат голем број активности што ќе ги реализираме во нашиот училиштен клуб со нашите ученици. Веќе ги препознаваме ваквите ситуации и појави кај нашите ученици, ќе најдеме соодветни решенија и активности со кои тие ќе го подобрат своето ментално здравје. Исто така, ќе придонесеме и за рурален развој за нашето подрачно училиште во село Нивичани и за учениците што  учат таму - најави Сања Павлова-Димитрова, наставник по германски јазик и претседател на младинскиот клуб „Драгана Минова“. ис/дма/

Фото: МИА

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан