Почнува реконструкција на спортската сала во кампусот на УКИМ во Скопје
- Со 54 милиони денари, инвестиција на Министерството за спорт, комплетно ќе се реконструира и адаптира спортската сала во комплексот на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје. Градежните работи официјално ќе стартуваат денеска, по што предвидени се обраќања на министерот за спорт, Борко Ристовски, ректорката на УКИМ, проф. Биљана Ангелова и претседателката на Универзитетското студентско собрание на УКИМ, Ангела Василевска.
Скопје, 12 март 2026 (МИА) - Со 54 милиони денари, инвестиција на Министерството за спорт, комплетно ќе се реконструира и адаптира спортската сала во комплексот на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје.
Градежните работи официјално ќе стартуваат денеска, по што предвидени се обраќања на министерот за спорт, Борко Ристовски, ректорката на УКИМ, проф. Биљана Ангелова и претседателката на Универзитетското студентско собрание на УКИМ, Ангела Василевска.
- Овој спортски објект, кој со години беше оставен во руинирана состојба, одново ќе биде ставен во фунција за потребите на студентите за реализација на наставата по физичко образование и за изведување на други спортски активности, најави Министерството за спорт. лв/нд/
фото: Министерство за спорт