Конференција за приоритетите во евроинтеграциите
- Во организација на Европскиот економски и социјален комитет (ЕЕСК) денеска во Европска куќа во Скопје ќе се одржи конференција на високо ниво на која ќе се дискутира за клучните приоритети поврзани со процесот на пристапување на земјата во Европската Унија, со учество на претставници на Владата, Делегацијата на ЕУ, социјални партнери и граѓански организации од Северна Македонија.
Скопје, 12 март 2026 (МИА) - Во организација на Европскиот економски и социјален комитет (ЕЕСК) денеска во Европска куќа во Скопје ќе се одржи конференција на високо ниво на која ќе се дискутира за клучните приоритети поврзани со процесот на пристапување на земјата во Европската Унија, со учество на претставници на Владата, Делегацијата на ЕУ, социјални партнери и граѓански организации од Северна Македонија.
На отварањето на конференцијата ќе се обратат првиот вицепремиер и министер за европски прашања Беким Сали, заменик-шефот на Делегацијата на ЕУ во државава Бен Нупнау и Виолета Јелиќ, претседателка на Комитетот за следење на состојбите во Западен Балкан при Европскиот економски и социјален комитет. лв/нд/
Фото: Плакат