• сабота, 16 мај 2026

ЦУК: „Resilient Western Balkans“ - нов чекор кон посилна прекугранична соработка и рано предупредување

ЦУК: „Resilient Western Balkans“ - нов чекор кон посилна прекугранична соработка и рано предупредување

Скопје, 17 април 2026 (МИА) - Центарот за управување со кризи (ЦУК) денеска соопшти дека на регионален настан во Скопје бил означен почетокот на иницијативата „Resilient Western Balkans“, насочена кон зајакнување на прекуграничната соработка и унапредување на капацитетите за рано предупредување и намалување на ризиците од катастрофи во регионот.

Настанот го отворил директорот на Центарот за управување со кризи Мухамед Али, по што свое обраќање имал Армен Григорјан, постојан претставник на UNDP, Паоло Палминтери, амбасадор на Италија во Северна Македонија, и Наталија Алонсо Кано, шеф на Регионалната канцеларија на UNDRR за Европа и Централна Азија. 

- Во своите обраќања истакнаа дека иницијативата претставува важен чекор кон посилна регионална поврзаност и координација во справувањето со природни и други ризици, особено преку размена на податоци, заеднички механизми за одговор и унапредување на системите за рано предупредување. Исто така беше нагласено дека ваквите партнерства се клучни за градење на поотпорни заедници и подобра подготвеност на институциите во услови на кризи, се наведува во соопштението од ЦУК.

Иницијативата „Resilient Western Balkans“ има за цел да создаде поефикасна регионална рамка за соработка меѓу земјите од Западен Балкан, со фокус на превенција, навремена реакција и долгорочно зајакнување на капацитетите за справување со кризни состојби, со што директно се придонесува кон поголема безбедност и стабилност на регионот. ев/

ФОТО: ЦУК 

Остани поврзан