Централно собрание на Движење Беса во Тетово, Лимани апелира на разумност
- -Не се осмелуваме да ја нарушиме структурата на ВЛЕН, бидејќи тоа би значело враќање назад. Не треба да создаваме простор за други структури да станат дел од Владата, рече Лимани.
Тетово, 12 февруари 2026 (МИА) - Движењето Беса вечерва во седиштето во Тетово одржува седницата на Централното собрание на партијата.

Партискиот потпретседател и министер за труд и социјална политика, Фатмир Лимани, за кој дел од медиумите известуваа дека е во конфликт со лидерот Биљал Касами, одговори на новинарско прашање кој ќе одлучува за него дали ќе биде министер, премиерот Христијан Мицкоски или Касами.
-Работата која сум ја извршил за овие 16/17 месеци, вработувањата и ред други работи и проекти кои се направени во полза на народот и нашата држава, тоа ќе одлучува, истакна Лимани.

Тој рече дека е потребна разумност и дејствија кои нема да создаваат простор за враќање назад.
-Не се осмелуваме да ја нарушиме структурата на ВЛЕН, бидејќи тоа би значело враќање назад. Не треба да создаваме простор за други структури да станат дел од Владата, рече Лимани.
Тој, исто така, испрати порака дека не треба да го гледаат него како поединец во овој процес, туку дека постои поголема политичка застапеност. ас/лв/
фото МИА