• четврток, 09 април 2026

Целосно реконструирана улицата „Јосиф Михајловиќ“ со нова подземна инфраструктура во Чаир

Целосно реконструирана улицата „Јосиф Михајловиќ“ со нова подземна инфраструктура во Чаир

Скопје, 7 април 2026 (МИА) -Општина Чаир соопшти дека е завршена целосната реконструкција на улицата „Јосиф Михајловиќ“ во населбата Дуќанџик.

Како што изјави градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, проектот опфатил уредување на фекалната и атмосферската канализација, како и обнова на водоводната мрежа, со што се создаде одржлива инфраструктурна основа за ова подрачје. Во завршната фаза било извршено целосно асфалтирање на улицата.

-Почнавме од основата, со уредување на подземната инфраструктура и создавање современи услови за граѓаните. Ова е нашиот пристап – работа што се чувствува, инвестиции што се препознаваат и резултати што се гледаат во секоја населба во Чаир - изјави Меџити.

Инвестицијата опфаќа површина од околу 500 м², овозможувајќи побезбедно и пофункционално одвивање на сообраќајот, наведуваат од општината. вг/

Фото: Општина Чаир

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан