Хумус со наут и печени пиперки
Со парче интегрален леб, имате лесен ручек или ужина.
Состојки:
250 грама наут (од конзерва)
3 печени(лупени) црвени пиперки
100 грама таан
3 чешниња лук
3 супени лажици сок од лимон - свежо исцеден
3 супени лажици маслиново масло
1 лажичка сол
1 лажичка бибер
прстофат мелен црвен пипер
Подготовка:
Ставете ги сите состојки во блендер и изблендирајте додека не добиете мазна смеса.Пробајте, доколку е потребно додадете сол и црн бибер.
Фото: Фрипик