„Хјуман рајтс воч“: Влошени животните услови на мигрантите во Германија
- Зголемувањето на регресивните политики за миграција и азил, злосторствата од омраза и говорот на омраза, како и ограничувањата на слободата на изразување и собирање предизвикуваат сериозна загриженост, се наведува во извештајот на ХРВ
Берлин, 4 февруари 2026 (МИА) - Животните услови на мигрантите и нивните потомци во Германија е влошени, се наведува во годишниот извештај на организацијата за човекови права „Хјуман рајтс воч“ (ХРВ).
- Зголемувањето на регресивните политики за миграција и азил, злосторствата од омраза и говорот на омраза, како и ограничувањата на слободата на изразување и собирање, предизвикуваат сериозна загриженост - се наведува во извештајот на ХРВ.
Според истражувачката на ХРВ за расизам, Алмаз Тефера, забележано е дека сè повеќе германски демократски партии ја прифаќаат реториката на ултрадесничарската партија Алтернатива за Германија (АфД), која се залага за построги закони за имиграција.
Таа потенцира дека е штетно да се делат мигрантите на „проблем“ за општеството и на „добри мигранти“, кои напорно работат во Германија. ми/сд/
фото: МИА архива