• понеделник, 16 март 2026

Тројца загинати при напад на американската морнарица врз брод во Карипско Море

Тројца загинати при напад на американската морнарица врз брод во Карипско Море

Вашингтон, 23 февруари 2026 (МИА) – Американската воена морнарица денеска погоди брод во Карипско Море, при што загинаа три лица.

Армијата на САД на платформата Икс објави дека нападнатиот брод бил вклучен во трговија со наркотици.

Од септември минатата година американската армија изврши повеќе од 40 напади врз бродови, за кои тврди дека се поврзани со трговија со дрога во Карибите, при што загинаа најмалку 145 луѓе. ми/

фото: „Трут соушл“

Остани поврзан