Фото галерија на МИА: Менхетен по страшната снежна бура
- По страшната снежна бура која помина низ Њујорк, Менхетен е речиси целосно исчистен, иако граѓани се сликаа како газат во снег кој достига до нивната половина.
Њујорк, 23 февруари 2026, (МИА) -Поради силна зимска бура, градоначалникот на Њујорк, Зохран Мамдани, прогласи вонредна состојба во градот. Њујорк, кој е и најголемиот училиштен округ во САД, нареди затворање на сите јавни училишта поради невремето, а денеска немаше ниту настава на далечина и сите воннаставни програми се откажани.
Гувернерката на Њујорк, Кети Хочул, рече дека активирала 100 припадници на Националната гарда да помогнат на Лонг Ајленд, во Њујорк и Долната Долина Хадсон, подрачја за кои се очекува дека ќе го поднесат најголемиот товар од обилниот снег и крајбрежните ветрови.
Поради бурата, денеска беше затворен и комплексот на седиштето на Обединетите нации на Менхетен.
Според прогнозата на метеоролозите, на североистокот на САД се очекуваа до 60 сантиметри снег, а ударите на ветерот би можеле да достигнат 110 километри на час, што го зголемува ризикот од паѓање на дрвја и прекин на струја, според податоците на Министерството за национална безбедност.
Сепак, и покрај таквата бура, откако таа помина, а граѓани на градот се сликаа како газат во снег до половина, Менхетен наликува како низ него да поминала мала и слаб снежна виулица.











