• четврток, 26 март 2026

Хезболах тврди дека е во директен конфликт со израелските војници во јужен Либан

Хезболах тврди дека е во директен конфликт со израелските војници во јужен Либан

Бејрут, 4 март 2026 (МИА) - Либанското движење Хезболах денеска објави дека неговите борци се во директен конфликт со израелските војници кои влегле во либанскиот град Хиам, на шест километри од границата со Израел.

Ова е првиот ваков директен конфликт пријавен од почетокот на војната меѓу проиранскиот Хезболах и Израел, објави парискиот весник „Ле Монд“ на својата веб-страница.

„Откако гонеа“ единица на израелската армија која „се обидуваше да напредува“ во градот, борците на Хезболах „детонираа експлозивна направа и влегоа во директни судири“ со израелската армија, се вели во соопштението на движењето.

Хезболах денеска ја презеде одговорноста за 14 напади врз израелски позиции. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан