Хезболах презеде одговорност за дроновите лансирани кон Израел во текот на ноќта
- Хезболах презеде одговорност за лансирањето дронови кон Израел во текот на ноќта.
Бејрут, 3 март 2026 (МИА) – Хезболах презеде одговорност за лансирањето дронови кон Израел во текот на ноќта.
Според ИДФ, пресретнати биле два дрона од Либан. Нема извештаи за напади на територијата на Израел.
Хезболах тврди дека цел биле израелската база за контрола на воздушниот сообраќај на планината Мерон и воздухопловната база Рамат Давид.
Исламистичката група исто така тврди дека утрово лансирала ракети кон база на ИДФ на Голанската Висорамнина. јт/сд/
Фото: МИА архива