• сабота, 10 јануари 2026

Халанд прогласен за норвешки фудбалер на годината шеста сезона по ред

Халанд прогласен за норвешки фудбалер на годината шеста сезона по ред

Осло, 10 јануари 2026 (МИА) - Напаѓачот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд, е прогласен за норвешки фудбалер на годината за 2025 година, објави прес-службата на Норвешката фудбалска асоцијација.

Дваесет и петгодишниот напаѓач ја освои наградата шести пат по ред.

Во сезоната 2024/25, Халанд одигра 48 натпревари за Манчестер сити, постигнувајќи 34 гола и пет асистенции. 

За норвешката репрезентација во 2025 година, напаѓачот постигна 17 гола и имаше две асистенции во девет натпревари. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан