Франција бара состанок на Советот за безбедност на ОН за конфликтот во Иран
- Францускиот претседател Емануел Макрон повика на итен состанок на Советот за безбедност на ОН по нападите на САД и Израел врз Иран и одмаздата на Техеран, велејќи дека ескалацијата „мора да престане“.
Париз, 28 февруари 2026 (МИА) – Францускиот претседател Емануел Макрон повика на итен состанок на Советот за безбедност на ОН по нападите на САД и Израел врз Иран и одмаздата на Техеран, велејќи дека ескалацијата „мора да престане“.
„Франција повикува на итен состанок на Советот за безбедност на Обединетите нации“, напиша Макрон на X.
„Тековната ескалација е опасна за сите. Мора да престане“, додаде тој, предупредувајќи дека избувнување војна меѓу САД, Израел и Иран носи „тешки последици за меѓународниот мир и безбедност“. јт/