Фото галерија: Акцијата за чистење на Скопје за 72 часа почна вечерва
- Од пред платото на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ вечерва започна големата акција „72 часа чисто Скопје“. На платото пред спортскиот центар се наоѓаат десетици камиони, цистерни и механизација подготвени за чистење на Скопје.
Скопје, 6 ноември 2025, (МИА) -Започна големата акција за чистење на Скопје!
За 72 часа, нашата метропола ќе ја добие свежината и сјајот кој го заслужува.
Секој агол, секоја улица, плоштад со заеднички сили ќе бидат чисти.
Скопје ќе блесне - уредено и достоинствено, токму како што доликува!“, објави на својот ФБ профил, градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски















Фото: ФБ профил на Орце Ѓорѓиевски