• вторник, 16 декември 2025

Флаг стана првиот 18-годишен играч кој постигнал повеќе од 40 поени во натпревар од НБА

Флаг стана првиот 18-годишен играч кој постигнал повеќе од 40 поени во натпревар од НБА

Далас, 16 декември 2025 (МИА) – Кошаркарот на Далас маверикс, Купер Флаг стана првиот 18-годишен играч кој постигнал повеќе од 40 поени во натпревар од НБА.

Американецот ги предводеше стрелците во натпреварот против Јута (133:140 по продолжение), постигнувајќи 42 поени, седум скока и шест асистенции.

Флаг е првиот избор на НБА драфтот во 2025 година. Оваа сезона, тој има просек од 18,4 поени, 6,3 скока и 3,5 асистенции по натпревар. 

Маверикс, со 10 победи во 27 натпревари, се наоѓаат на 12. место на табелата во Западната конференција. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан