• петок, 05 декември 2025

Фиорентина го отпушти Пиоли

Фиорентина го отпушти Пиоли

Фиренца, 4 ноември 2025 (МИА) – Тренерот на Фиорентина, Стефано Пиоли, е отпуштен од функцијата, објави прес-службата на клубот од Фиренца.

-Фиорентина објавува дека Стефано Пиоли денес е отпуштен од функцијата главен тренер, се вели во соопштението.

Шеесетгодишниот Италијанец е на чело на „Виолетовите“ од јули 2025 година. Под негово водство, тимот одигра 14 натпревари, во кои победи на четири, одигра четири нерешени и загуби на шест.

По 10 натпревари, Фиорентина е последна на табелата во Серија А со четири бода. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан