Филип Стојанов и Јован Арсов од КК „Партизан“ - Кочани ќе настапат на „Златната лига за млади“ во Џесоло, Венеција
- Овој викенд, двајца натпреварувачи на Карате клуб „Партизан“ од Кочани, Филип Стојанов и Јован Арсов, ќе имаат можност да го покажат својот талент на меѓународната сцена на „Златната лига за млади“ во Џесоло, Венеција.
Кочани, 2 декември 2025 (МИА) - Овој викенд, двајца натпреварувачи на Карате клуб „Партизан“ од Кочани, Филип Стојанов и Јован Арсов, ќе имаат можност да го покажат својот талент на меѓународната сцена на „Златната лига за млади“ во Џесоло, Венеција.
Филип Стојанов ќе настапи во категоријата У21 - 84 кг, а Јован Арсов во категоријата кадети +70 кг.
Од Карате клуб „Партизан“ изразуваат голема поддршка и им посакуваат на своите натпреварувачи успешен настап.
-Се надеваме на добри резултати и на место на подиумот. Филип и Јован имаат голем потенцијал и се подготвени да се покажат во најдобро светло. Нека им биде среќно и нека се вратат со медали, порачаа од клубот. ис/дма/
Фото: МИА