Фидан се сретна со претставници на Хамас во Анкара за втората фаза од договорот за Газа
- Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан денеска се сретна со претставници на палестинската милитантна група Хамас во Анкара и разговараше за втората фаза од договорот за прекин на огнот во Газа и хуманитарните услови во палестинската енклава, соопшти извор од турското Министерство за надворешни работи.
Анкара, 26 јануари 2026 (МИА) - Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан денеска се сретна со претставници на палестинската милитантна група Хамас во Анкара и разговараше за втората фаза од договорот за прекин на огнот во Газа и хуманитарните услови во палестинската енклава, соопшти извор од турското Министерство за надворешни работи.
Изворот рече дека Фидан, исто така, ги информирал претставниците на Хамас за напорите на Турција на меѓународните платформи за заштита на правата на жителите на Газа.
Тие, исто така, разговарале за вклучувањето на Турција во Комитетот за мир што американскиот претседател Доналд Трамп планира да го формира.
Телото на последниот преостанат израелски заложник што го држи Хамас во Појасот Газа е вратено во Израел, исполнувајќи го клучниот услов за втората фаза од планот на американскиот претседател Доналд Трамп за прекин на војната во Појасот Газа. мс/
фото: ЕПА